ФОТО: Орден за Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски, медал за триото од „К-15“

фото: pretsedatel.mk, Орден за Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски, медал за триото од „К-15“

Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија ги додели признанијата Орден за заслуги за Република Северна Македонија, Медал за заслуги за Република Северна Македонија и Повелба на Република Северна Македонија. Со Орден за заслуги за Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски ги одликува Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски.

фото: pretsedatel.mk, Орден за Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски, медал за триото од „К-15“

 

фото: pretsedatel.mk, Орден за Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски, медал за триото од „К-15“
фото: pretsedatel.mk, Орден за Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски, медал за триото од „К-15“

Гоце Тодоровски се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во развојот, популаризацијата и афирмацијата на театарската уметност. Со својот уникатен актерски талент се вмрежи во нашите срцa оставајќи неизбришливи траги во нашата историја, култура и традиција.
Бајруш Мјаку се одликува за неговата тридецениска кариера како еден од најзначајните актери во современиот македонски театар. Toj се втемели како една од централните театарски фигури во Македонија.

Коле Ангеловски се одликува за 60-годишната богата уметничка кариера како една од најкомплексните фигури на македонскиот театар и филм. Неговиот актерски, а пред сè режисерски опус остава длабока трага во меморијата на широката публика, неговото творештво е широко вреднувано и со непроценливо значење за целокупниот развој и популаризација на театарската и филмската уметност.

фото: pretsedatel.mk, Mедал за триото од „К-15“
фото: pretsedatel.mk, Mедал за триото од „К-15“

Медал за заслуги за Република Северна Македонија им беше врачен на Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо Каров.

Љупчо Каров се одликува за авторскиот придонес и за учеството во неповторливото хумористично шоу „К-15“, преку коешто пренесуваше уникатна социјална, политичка и економска сатира за состојбите во македонското општество и, воопшто, за сиот ангажман во радиото и телевизијата, за придонесот кон македонската музика, но и за неговиот граѓански активизам и за вклучувањето во зачувувањето на животната средина, со што остави неизбришливи траги во медиумскиот простор и македонската естрада, но и во севкупното општествено живеење.

Бранко Огњановски и Васко Тодоров се одликуваат за неповторливото хумористично шоу „К-15“, преку коешто пренесуваат уникатна социјална, политичка и економска сатира за состојбите во македонското општество. Како едни од најкарактеристичните телевизиски ликови тие оставија белег и поттик за развој на овој вид творештво и за идните генерации.

 

фото: pretsedatel.mk, Mедал за триото од „К-15“
фото: pretsedatel.mk
фото: pretsedatel.mk

Признанието Повелба на Република Северна Македонија беше доделено на Албанскиот театар за седумдецениското постоење при што се етаблираше во една од водечките уметнички институции којашто остварува особено значајна културна, образовна и естетска дејност во македонското општество, како и за непроценливиот придонес во развојот на современиот театар во Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот