ФОТО | Новата девојка на Дикаприо е средношколка: Еден е 29 години помлада од холивудскиот шармер

Американскиот актер и режисер Леонардо Дикаприо (48) неодамна присуствуваше на приватната забава на манекенката Ебони Рајли во Лос Анџелес, а друштво му правеше мистериозна девојка чие име веќе е познато на пошироката јавност.
Сепак, името на девојката не е топ тема на социјалните мрежи, туку нејзината возраст. Актерот секогаш со своите љубовни врски успева да го привлече вниманието на јавноста и се најде на многу насловни страници на светските таблоиди.
View this post on Instagram
Холивудскиот заводник според светските медиуми наводно е во врска со манекенката Еден Полани, која има само 19 години, пишува „Daily mail“.
View this post on Instagram
Манекенката по потекло е од Израел, исто како и долгогодишната поранешна девојка на Дикаприо, Бар Рафаели (37). Не е познато како се запознале актерот и Еден, но на забавата било очигледно дека има нешто меѓу нив.
Leonardo DiCaprio gets close to a new mystery woman at release party for Ebony Riley‘s new EP https://t.co/wnnfhKdKHT
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) February 2, 2023
„Остави го“, „Зарем не ја знаеш неговата историја на љубовни врски? Ќе те остави кога ќе наполниш 25 години“, „Премногу е стар за тебе“, се само дел од коментарите кои осамнаа на социјалните мрежи под објавите на Еден.
По крајот на неговата последна долга врска со Камила Мороне, Дикаприо стана главна тема на социјалните мрежи бидејќи ја прекина врската со манекенката откако таа го прослави својот 25-ти роденден. Досегашните љубовни врски на Леонардо се претежно со девојќи кои се помлади од 25 години.
ФОТО | Дикаприо „уловен“ со нова девојка: Дали е помлада од 25 години?