ФОТО | Дикаприо „уловен“ со нова девојка: Дали е помлада од 25 години?

Американскиот актер Леонардо Дикаприо неодамна беше фотографиран во друштво на, наводно, нова девојка чие име сè уште не е познато.
Леонардо Дикаприо неодамна присуствуваше на приватната забава на манекенката Ебони Рајли во Лос Анџелес, а друштво му правеше мистериозна девојка чие име сè уште е непознато за пошироката јавност.
Што се случи со претходната девојка и актерка Викторија Ламас – никој не знае, но фоторепортерите сепак успеаја да ја фотографираат новата убавица.
Leonardo DiCaprio gets close to a new mystery woman at release party for Ebony Riley‘s new EP https://t.co/wnnfhKdKHT
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) February 2, 2023
Името на девојката не е топ тема на социјалните мрежи, туку нејзината возраст. Актерот секогаш со своите врски успеваше да го привлече вниманието на јавноста и се најде на многу насловни страници. Неодамна на Твитер беше објавен список – со која девојка бил и колку години имале девојките тогаш, а колку години по раскинувањето.
https://t.co/HhI8qoU9XK pic.twitter.com/HvAkMxcWZx
— Sarah Lerner (@SarahLerner) August 31, 2022
По крајот на неговата последна долга врска со Камила Мороне, актерот стана главна тема на социјалните мрежи бидејќи ја прекина врската со манекенката откако таа го прослави својот 25-ти роденден. Досегашните љубовни врски на Леонардо се претежно со девојќи кои се помлади од 25 години.
ФОТО | Камила Мороне „уловена“ на плажа: Девојката на Дикаприо е природна убавица