ФОТО | Нов невообичаен тренд на обликување на брадата: Дали би го пробале?

Instagram-Twitter
Instagram-Twitter

Новата година штотуку започна, a веќе се чини дека 2021 година ќе биде уште поневообичаена од 2020 година. Прво видовме шаман со рогови во Конгресот на САД, а сега имаме слики од мажи кои поради некоја причина решија да си ги обликуваат брадите и мустаќите кои наликуваат на опашката на мајмун.

Американскиот бејзбол играч Мајк Фирс е првиот кој го испробал овој тренд уште во 2019 година. Тој го сторил тоа за да ги забавува своите соиграчи од атлетската екипа во Оукленд, пишуваат на веб-страницата на „Сити магазин“

Дури и тогаш, некои мажи направија своја верзија на мустаќи и брада во форма на опашка од мајмун, а овој тренд доби нови бројни обожаватели на почетокот на 2021 година.

Многу корисници на социјалните мрежи неодамна ги споделија своите фотографии со оваа бизарна фризура и ги охрабрија своите пријатели да го сторат истото.

Причината за тоа веројатно лежи во фактот дека многу луѓе сега работат од дома и тоа им дозволува да експериментираат со изгледот. Сепак, на многумина им е здодевно во ситуација кога поголемиот дел од своето слободно време го поминуваат во својот дом поради пандемијата на коронавирусот па очигледно најдоа начин да се забавуваат.

Што мислите за овој нов машки тренд? Дали тој има иднина или ќе биде брзо заборавен како и многу необични трендови претходно?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот