Дарко Гелев - Брејк / Фото: Инстаграм/Дарко Гелев - Брејк

ФОТО | „Наша сјајна ѕвездо“: Брејк со емотивна приказна за ќерката

Познатиот македонски музичар и бизнисмен Дарко Гелев – Брејк и неговата сопруга, поранешната мис на Македонија Драгана Клопчевска, деновиве имаат најубав повод за славење во нивниот дом.

Нивната ќерка Деа го прослави својот седми роденден, а емотивните моменти од семејната атмосфера ги споделија со своите следбеници на социјалните мрежи.

Брејк ја сподели објавата на Драгана, на која се гледа нивната наследничка со насмевка пред роденденската торта со седум свеќички. Пораката која стои во описот ги разнежни сите: „Те сакаме многу, наша сјајна ѕвездо. Никогаш не се менувај. Среќен седми роденден!“.

Фото: Скриншот/Инстаграм

На фотографијата се гледа дека малата славеничка ужива во вниманието, облечена во маичка со мотиви од популарната сага „Војна на ѕвездите“ (Star Wars), што дополнително му дава симпатичен и модерен печат на целиот момент.

Иако Брејк и Драгана важат за двојка која се труди својата приватност да ја чува подалеку од очите на јавноста, ваквите значајни настани секогаш се исклучок.

Покрај ќерката, тие се родители и на синот Давид, а музичарот го има и постариот син Марко од првиот брак, кој веќе е возрасен.

Во февруари, Дарко Гелев – Брејк објави нова песна „Една во милион“. Новиот сингл доби и видеоспот. Ова музичко дело е плод на соработка со познати имиња од домашната музичка сцена: музиката е на Никола Перевски – Пере од „Нокаут“, аранжманот е на Дарко Димитров, а текстот е на Игор Џамбазов.

ФОТО | Џамбазов, Пере и Брејк ги поврзува тажна љубовна приказна: „Сите приказни, исти се“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот