ФОТО: НАСА се прости од Пеле со фотографија од галаксија во боите на Бразил

Фото Твитер

НАСА најде посебен начин да му оддаде почит на легендарниот фудбалер Пеле, кој синоќа почина на 82-годишна возраст.

Вселенската агенција на „Твитер“ објави фотографија од спиралната галаксија во соѕвездието Скулптор, обоена во боите на Бразил (жолта и сина).

„Ја почитуваме смртта на легендарниот Пеле, на многумина познат како кралот на „убавата игра“. Оваа слика покажува спирална галаксија во соѕвездието Скулптор, претставена во боите на Бразил“, се вели во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот