ФОТО | Наоми Вотс и нејзиниот крзнен колега се модниот тандем кој нѐ освои сите
Британската актерка Наоми Вотс ги воодушеви модните критичари и публиката на премиерата на нејзиниот нов филм „Пријател“, појавувајќи се на црвениот тепих во друштво на својот импозантен крзнен колега – прекрасен и исклучително мирен примерок од германска дога.
Препорачано
Кучето по име Бинг ја игра улогата на Аполо, домашно милениче кое главниот лик го наследува од починат пријател. Иако вниманието требаше да биде насочено на премиерата на филмот, Наоми и Бинг го украдоа шоуто со својот беспрекорно координиран стајлинг.
Актерката носеше креација од колекцијата пролет 2025 на модната куќа „Jacquemus“, елегантен, бел фустан со широко здолниште и впечатливи детали од црна монголска волна, кој одлично се совпаѓаше со црно-белото крзно на Бинг.

Фустанот без ракави, отворен грб и асиметричен струк веќе ги освои модните писти, но Наоми вдахна нов живот во овој контекст – балансирајќи помеѓу класичниот изглед и разиграноста без да залута премногу на територијата на модната карикатура.
Со овој фустан, Наоми носеше бели чевли со отворена потпетица од Џанвито Роси, дополнително нагласувајќи ја софистицираноста на целокупниот изглед.
Бинг, од друга страна, блескаше со едноставен црвен поводник – детаљ кој додаде шарм на изгледот на кучето.
Она што го направи овој изглед посебен беше токму модната синергија помеѓу актерката и нејзиниот кучешки партнер. Наместо да се одлучи за класичен холивудски гламур, Наоми покажа дека модата може да биде духовита, тематска и пред сѐ стилски беспрекорна.
И додека таканареченото методско облекување често изгледа претерано, овде тоа беше вистинско освежување – омаж на улогата, приказната и неодоливиот крзнен херој кој ѝ прави друштво.


