ФОТО | Најголемиот приватен бункер во Швајцарија може да собере повеќе од 500 луѓе
Секој човек во Швајцарија има право на место во бункер во случај на нуклеарна катастрофа или какво било друго апокалиптичко сценарио. Ова право е загарантирано со закон донесен во 1962 година, кој беше поттикнат од стравот од нуклеарни закани на светската политичка сцена, пишува „Пун куфер“.
Препорачано
Затоа во Швајцарија е изградена огромна мрежа на нуклеарни засолништа, повеќе од 360 илјади низ целата земја, кои се претежно скриени во планините.
Најголемиот бункер во приватна сопственост во Швајцарија е скриен во планините под селото Сент Маргретенберг и во близина на познатата бања Бад Рагац. Швајцарската планинска тврдина, попозната како Фестунг Фургелс, а понекогаш и како Форт Фуркелс, се протега на околу 30.000 квадратни метри на надморска височина од 1.220 метри.
Изградена е за време на Втората светска војна, а со текот на годините е проширена и подобрена, на пример, последователно се инсталирани нуклеарни филтри и системи за преживување во случај на нуклеарна војна.
View this post on Instagram
Нејзиното постоење на локацијата било тајна до 2001 година, со оглед дека било во сопственост на швајцарските војници. Оваа швајцарска планинска тврдина првично била изградена за да се грижи за повеќе од 500 војници одеднаш, без потреба да излегуваат надвор шест месеци. Денес, таа е во приватна сопственост, во рацете на претприемачот Ерих Брајтенмозер, кој изнајмува делови од бункерот на швајцарски компании како безбеден простор за складирање.
Оваа заштитена структура во планината има две нивоа кои се меѓусебно поврзани со лифт и ходници кои се протегаат на повеќе од 10 километри. Главниот влез е доволно голем за да поминат воени камиони и тешки возила.
Бункерот има околу 500 кревети, простории за складирање оружје, голема кујна и неколку трпезарии, бањи, канцеларии и болница. Вклучува повеќе од 190 соби, генератори за производство на електрична енергија и резервоар за вода со волумен од 1,8 милиони литри.


