ФОТО | Млада инфлуенсерка oд Германија почина во сон: На пријателката претходно ѝ признала дека се плаши од смртта

Инфлуенсерка Јоси Марија, која се прослави со нејзината борба против анорексијата починала на 24-годишна возраст.

Фото: Инстаграм

Јоси со години се борела со анорексија, а починала во сон, додека се одмoрале со нејзината пријателка, само неколку дена откако ѝ признала дека се плаши од смртта, пренесува „Newsweek“. Причина за смртта на младата инфлуенсерка била срцева слабост.

Фото: Инстаграм

Младата Германка има 145.000 следбеници, а стана популарна на социјалната мрежа Инстаграм откако започнала јавно да зборува за проблемите предизвикани од анорексијата – нарушување во исхраната и колку тоа ѝ го уништило здравјето, но очигледно нејзиниот организам веќе било многу истоштен и не можел да издржи. 

Instagram
Фото: Инстаграм

– Не сакам да бидам една од оние кои умираат од анорексија. Анорексијата не се однесува само на физичкот изглед, таа е во главата. Не се работи секогаш само за тоа дека сакате да бидете слаби, тука има многу повеќе: изведба, потврда, самоконтрола, е само една од објавите која Јоси ја има споделено како мотивација за нејзините следбеници на нејзиниот Инстаграм профил, особено за оние кои се соочувале со истиот проблем.

Фото: Инстаграм

 

Кога пристигнале на Канарските острови, двете отишле да се одморат, но кога Вања се разбудила, сфатила дека Јоси не дише и дека починала. Нејзината пријателка Вања зборувала дека Јоси се чувствувала уморно уште во текот на летото.

Фото: Инстаграм

Јоси имала голема поддршка од интернет-заедницата затоа што отворено зборувала за сите неуспешни обиди да се избори со анорексија, но и дека не се откажува, а на тој начин ги мотивирала другите кои се борат со нарушувања во исхраната.

Фото: Инстаграм

„Не се сликам затоа што сум горда на мојот изглед. И не поставувам слики зашто сакам и другите да изгледаат како мене. Причина за оваа објава е бидејќи сум на патување на кое би сакала и други да ми се придружат. Сакам со вас да ги споделам своите размислувања и упорно да се борам со анорексијата“ , стои во објавите на Јоси на Инстаграм.

Често ги потсетувала луѓето да не ја осудуваат ни неа ни другите кои се борат со анорексија бидејќи е лесно да се заборави дека тоа е сепак болест…

Фото: Инстаграм

Пореметувањата во исхраната погодуваат околу 9 проценти од вкупната светска популација и се сметаат за едни од најопасните ментални заболувања кои одземаат најмногу животи веднаш по зависностите од опијати. Типично пореметувањето почнува во пубертер или во средната адолесценција, а болеста се јавува и кај момчињата во 5 до 10% од вкупниот број заболени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот