ФОТО | Мистерија за археолозите: Откриени мумии со златни јазици

Фото: Фејсбук/The Egyptian Ministry of Tourism and Antiquities

Во некрополата Кувејсна во Египет, археолозите открија неколку антички мумии со златни орнаменти каде треба да им биде јазикот.

Се верува дека локалитетот бил окупиран во текот на птоломејскиот и римскиот период, кој се протегал од околу 300 пред новата ера до 640 година од новата ера.

Мумии со златни јазици се пронајдени за време на проширувањето на археолошкиот комплекс, каде многу други тела биле закопани во три различни временски периоди во стариот Египет, пишува „Sciens alert“.

Која е тајната на златните јазици? Златните јазици се малку загатка, иако и претходно веќе биле пронајдени. На почетокот на 2021 година, истражувачите кои ископувале локалитет стар 2.000 години во Египет откриле череп со златен украс во облик на јазик.

Се претпоставува дека оние што го изведувале балсамирањето на мумиите ставиле златен јазик за да се осигураат дека покојникот може да зборува во задгробниот живот, наведено е во изјавата на еипетското Министерство за туризам и антиквитети.

Фото: Фејсбук/The Egyptian Ministry of Tourism and Antiquities

Ако, на пример, мумија со златен јазик во задгробниот живот го сретнала Озирис, богот на подземниот свет, таа морала да може да разговара со него, се вели во соопштението. Не е јасно дали мумијата имала говорна мана и зошто посебно јазикот бил направен од злато.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот