ФОТО: Меси ја доби најголемата понуда во историјата на фудбалот!

Фото: EPA-EFE/TONI ALBIR

Шпански „Ел Мундо Депортиво“ откри дека Лионел Меси во Барселона од 2017 година заработил 555.237.619 евра за четири години. Аргентинецот доби нереални повеќе од половина милијарда евра за продолжување на договорот, што значи 138 милиони евра фиксни по сезона!

Каталонскиот гигант исто така одвои 77.929.955 евра како „бонус за лојалност“, а на сето тоа уште 115.225.000 во согласност за нова соработка, со многу голема веројатност ја заврши кариерата во Барселона.

Дефинитивно бројки од кои глава боли, но покажува дека клубот се обидува на секој можен начин да го задржи својот најдобар играч.

Убедливо најплатен фудбалер во историјата, со заработка од 50 милиони годишно, плус бонуси..

Од сите бонуси, капитенот на Барселона досега достигна 92 проценти од планираните дополнителни приходи. Касата дополнително ќе се испразнеше доколку Барселона беше поуспешна во Лигата на шампионите, Меси има сериозни бонуси во ова натпреварување, а самиот договор истекува во јуни 2021 година.

Правата за користење на карактерот на Меси во маркетинг цели се исто така дел од договорот, па јасно е дека по сето ова, Меси не претрпе многу од намалувањето поради пандемијата на коронавирусот.

Меси сакаше да си замине уште минатата година од „Камп Ноу“..Како што досега се шпекулираше за потписот на аргентинскиот интернационалец други сериозни кандидати се Манчестер сити и ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот