ФОТО: Масовни протести во Тунис против претседателот Сајед

Масовни протести во Тунис/ Фото EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Околу 2 илјади демонстранти се собраа денеска во Тунис за да протестираат против претседателот Каис Сајед, кој ги презеде владините овластувања, повикувајќи го да се повлече, пренесува Ал Џезира.  

Оваа недела, Сајед го прекрши поголемиот дел од уставот од 2014-та година, давајќи си моќ да владее два месеци откако го смени премиерот, го суспендираше парламентот и ја презеде извршната власт. 

„Народот е против државниот удар. Одете си“, скандираа демонстрантите. 

Масовни протести во Тунис против претседателот/ Фото EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

„Сајед е диктатор кој ја предаде револуцијата и ја предаде демократијата, тој ги презеде сите овластувања. Тоа е државен удар и ние ќе го срушиме државниот удар на улица“, рече еден од учесниците на протестот.  

Претседателот тврдеше дека неговите постапки, за кои неговите противници сметаат дека се државен удар, се неопходни за решавање на кризата и политичката парализа, економската стагнација и слабиот одговор на пандемијата, и вети дека ќе ги почитува правата и нема да стане диктатор.  

Првиот протест против Сајед се одржа минатата недела, а најголемата туниска политичка партија, Енахда, ги нарече потезите на Сајед „флагрантен удар за демократскиот легитимитет“ и ги повика луѓето да се обединат и да ја бранат демократијата во „неуморна мирна борба“. 

Масовни протести во Тунис против претседателот Сајед/ Фото EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот