ФОТО | „Машки разговори“: Сопругата на Огњен Амиџиќ сподели симпатична семејна фотографија
Српскиот водител Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ пред еден месец станаа родители на нивното прво заедничко дете.
Препорачано
Среќната двојка одлучи да му го даде името Перун, инспирирано од врховниот бог во словенската митологија и бог на громот.
Тие не ја кријат радоста за приновата во домот, па често објавуваат содржина на социјалните мрежи поврзана со најновиот член на семејството.
Наумовиќ сега покажа како нејзиниот сопруг поминува време со малиот Перун. Имено, таа сподели емотивна фотографија на која водителот си игра со својот син, а во описот кратко напиша: „Машки разговори“.

Да потсетиме, првите гласини за врската меѓу Огњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ се појавија минатата година, а кратко потоа тие потврдија дека се заедно.
„Да, точно е. Во врска сме, но ние се договоривме дека ќе ја зачуваме приватноста за нас и дека нема да зборуваме за тоа“, изјави тогаш Амиџиќ за „Република“.
Инаку, Наумовиќ го водеше сегментот „Пази Мина“ во емисијата „Амиџи шоу“, која е долгогодишен проект на Амиџиќ.
Ова му е биде второ дете на водителот, кој во првиот брак со манекенката Данијела Димитровска го доби синот Матеј. Тие беа заедно нешто повеќе од 10 години, а се разделија пред две години.


