Фото: Царинска управа | Фејсбук

ФОТО | Македонец во чевелот криел златна плочка вредна 70.000 евра

Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари (околу 72.000 евра) заплениле цариниците на излез од државата на граничниот премин „Богородица“, информираше Царинската управа.

„Случајот е откриен откако автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Истанбул е издвоен за контрола, по што, поради основани сомневања, е извршена детална контрола на патник, македонски државјанин. При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела хартија. Со умисла за криумчарење, сторителот, кој ја чувал плочката во сакото, непосредно пред контролата ја скрил во чевелот. Против сторителот, од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, до ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело ‘криумчарење’, казниво по Кривичниот законик. Царинската управа во континуитет спроведува активности за спречување на нелегална трговија и криумчарење вредна стока, со цел заштита на легалните трговски текови и економските интереси на државата“, наведено е во соопштението.

ФОТО | Царината откри серија шверцувања: запленети се цигари, теписи, лажни таблички — фатени се и мигранти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот