Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ФОТО | „Мајмуните“ од Вевчани – главна атракција на карневалот

Хуморот и сатирата од вчера се на една адреса – каде што водат сите патишта, а тоа е Вевчани. Дефилето на василичарите ја воодушеви бројната публика. Од традиционалните зет и невеста, Глупавиот Август, сè до најразлични страшила, демони, зомбиња, невести, низ сатира прикажани политичари.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Оваа година најголемо внимание привлече маската „Мајмуни“. Групна маска со палавите мајмуни коишто се движеа со огромен кафез со зеленило, украсен со банани и месо. Фрлаа на сите страни и испуштаа звуци. Беа вистинска атракција за публиката.

Вевчанскиот карневал и годинава собра стотици посетители од земјава и пошироко, кои и покрај временските услови допатуваа до Вевчани. Снегот не ги спречи ниту организаторите да бидат на висина на задачата и да ја одржат векови старата традиција.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Василичарите со најразлични креативни костими „го избркаа злото“ и го најавија доаѓањето на Новата година според Јулијанскиот календар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот