Првите три места на топ 10 милијардерки според „Форбс“ ги заземаат Алис Волтон, Франсоаз Бетенкур Мејерс и Џулија Кох/Фото: Wikimedia Commons/Printskrin/Inastagram

ФОТО | Листа на милијардерки на „Форбс“: Ова се десетте најбогати жени во светот за 2026 година

Иако милијардерите низ целиот свет сè уште се претежно мажи, присуството на жените на самиот врв на глобалното богатство е сè поизразено. Според листата на милијардери на „Форбс“ за 2026 година, во моментов има 481 жена милијардерка, што претставува околу 14 отсто од вкупно 3.428 милијардери. Ова е значителен пораст во споредба со претходната година, кога бројот на жени милијардерки изнесувал 406 (13,4 отсто), што покажува постепен, но ставилен напредок.

Повеќето од овие жени стекнале богатство преку големите семејни индустрии, но меѓу нив сè повеќе се истакнуваат и дамите кои самостојно ги создале своите финансиски империи, како што е Рафаела Апонте-Дијамант, која доминира во глобалната поморска индустрија.

Нивното богатство доаѓа од различни извори: наследство, претприемништво и лидерство во глобалните индустрии како што се технологијата, малопродажбата, производството, финансиите и луксузните стоки. Додека многу од најбогатите жени се наследнички на големи семејни компании, сè поголем број од нив сами го создаваат сопственото богатство преку иновации, градење брендови и стратешки инвестиции, пишува „Форбс“.

Порастот на бројот на милијардери ги одразува и пошироките општествени промени, полесниот пристап до капиталот, сè почестото лидерство на жените во компаниите и растот на компании со кои управуваат жени на глобалните пазари.

Сепак, продолжува „Форбс“, јазот помеѓу мажите и жените на врвот останува значаен, што покажува дека богатството на највисоките нивоа сè уште е нерамномерно распределено.

Топ 10 најбогати жени во светот во 2026 година

Според најновото рангирање на милијардери на „Форбс“ во 2026 година, жените сè уште сочинуваат малцинство меѓу глобалните милијардери, но она што е важно е нивниот раст, не само во однос на бројките, туку и во влијанието. Во продолжение следат кратки импресивни биографии и извори на богатство на најбогатите жени во светот:

10. Женг Шулианг и семејството – 33,2 милијарди долари

Една од ретките азиски жени во првите 10, своето богатство го стекнала преку водството во семејната компанија „Чајна Хонгкиао груп“, една од најголемите компании за алуминиум.

9. Абигејл Џонсон – 33,2 милијарди долари

Претседателка и директорка на инвестицискиот гигант „Фиделити инвестментс“, таа го наследила семејниот бизнис и дополнително го проширила.

8. Миријам Аделсон и семејството – 37,5 милијарди долари

Вдовица на основачот на „Лас Вегас сендс“, една од најголемите компании за казина и угостителство.

7. Савитри Џиндал и семејство – 39,1 милијарди долари

Најбогатата жена во Индија, чие богатство потекнува од челичната, енергетската и градежната индустрија на групацијата „Џиндал“.

6. Рафаела Апонте Диамант – 44,5 милијарди долари

Најбогатата жена што сама си го стекнала богатството во топ 10 е соосновачката на „Медитериан шипинг компани“, една од најголемите светски компанија за бродови и логистика.

5. Џеклин Марс – 49,1 милијарда долари

 

Џеклин Марс/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Наследничка на производството на слатки и храна за домашни миленици од семејството Марс, една од најпознатите прехранбени групации.

4. Ирис Фонтбона и семејството – 52,6 милијарди долари

Ирис Фонтабона/Фото: Принтскрин/Фејсбук

Чилеанската наследничка на империјата за рударство и пијалаци, чие богатство расте благодарение на силните цени на бакарот и успехот на компанијата „Антофагаста“.

3. Џулија Кох и семејството – 81,2 милијарди долари

Џулија Кох/Фото: Wikimedia Commons

Вдовицата на индустријалецот Дејвид Кох, со голем удел во „Кох индустрис“, една од најголемите приватни компании во САД.

2. Франсоаз Бетенкур Мејерс и семејството – 100 милијарди долари

 

Франсоаз Бетенкур Мејерс/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Наследничката на „Л’ореал“, најголемата козметичка компанија во светот, го задржа второто место благодарение на силниот раст на акциите на нејзиното семејство.

1. Алис Волтон – 134 милијарди долари

Алис Волтон/Фото: Wikimedia Commons

Наследничката на империјата „Волмарт“, најголемата светска малопродажба, повторно се најде на првото место како најбогата жена на планетата.

Визионерка и ќерка на основачот на „Волмарт“, Сем Волтон, како моќна фигура во глобалниот бизнис, таа ги споила стратегијата со наследството, влијаејќи на светот на малопродажбата.

Позната не само по своето богатство, туку и по длабоката посветеност на филантропијата, образованието и уметноста, Алис е симбол на лидерството водено од целта. Од управни одбори до уметнички галерии, Алис Волтон докажува дека вистинското богатство лежи во влијанието. Нејзиното богатство пораснало благодарение на силните резултати на компанијата и растот на глобалната е-трговија, заклучува „Форбс“.

Поранешната на Безос не ги штеди парите добиени од разводот: Досега донирала 9,2 милијарди долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот