ФОТО | Леонардо Дикаприо „уловен“ со две девојки на јахта: Дали имаат над 25 години?

леонардо дикаприо
Леонардо Дикаприо /Фото: Profimedia

Познатиот холивудски заводник, Леонардо Дикаприо беше фотографиран како го поминува празничниот викенд. Актерот уживал раскомотен во машки шорцеви за капење во друштво на две девојки облечени во бикини на јахта на карипскиот остров Сент Бартс.


Од неодамна, 48-годишниот Дикаприо е во романса со 23-годишната ќерка на актерот Лоренцо Ламас, Викторија Ламас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonardo DiCaprio (@ilovedicapriooo)


Викторија и Дикаприо беа забележани како заедно напуштаат холивудскиот клуб неодамна. Леонардо и Викторија одвоено го напуштиле клубот „Брдс стрит“, но заедно влегле во автомобилот.

Извор близок до актерот вели дека Леонардо и Викторија не се пар, туку дека само биле заедно во поголемо друштво. Но, американските медиуми наголемо пишуваат за новопечениот пар.


Нејзин татко е актерот Лоренцо Ламас, најпознат по улогата во серијата „Falcon Crest“, а нејзината мајка е Шауна Сенд, актерка и поранешна зајачица на „Плејбој“.

„Знам дека многу ѝ се допаѓа. Мислам дека се сретнаа минатиот месец. Не сум сигурен за околностите, но тоа ми кажа таа“. изјавил Лоренцо за New York Post.

Да потсетиме, Дикаприо, меѓу другите, се забавуваше со Камила Мороне, Блејк Лајвли, Тони Гарн, Бар Рафаели и Жизел Бундшен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот