ФОТО | Кристина Пишкова од Чешка е Мис на светот 2024: Раскошната русокоса ја освои ласкавата титула

Foto: Printskrin/Instagram/krystyna_pyszko

Новата Мис на светот e русокосата убавица Кристина Пишкова од Чешка. Пишкова ја победи конкуренцијата, поточно 111 девојки и ја освои круната за најубава.

Foto: Printskrin/Instagram/krystyna_pyszko

Низ низата настани за време на прелиминарното натпреварување на изборот, вклучително фитнес, убавина, талент и јавно говорење, неколку натпреварувачи освоија места за „брза патека“ во првите 40, група објавена на почетокот на престижниот натпревар.

Foto: Printskrin/Instagram/Missworld

Оттаму, полето брзо беше сведено на најдобрите 12, а потоа и на најдобрите осум, во тој момент натпреварувачите учествуваа во класичниот круг прашања и одговори, а се осврнаа на темите дискутирани на последниот Самит на Г20.

Foto: Printskrin/Instagram/krystyna_pyszko

Зад Пишкова завршија Јасмина Зејтун од Либан, Аш Ејбрахамс од Тринидад и Тобаго и Лесего Чомбо од Боцвана.

Foto: Printskrin/Instagram/krystyna_pyszko

Ова е вторпат убавица од Чешка да ја освои ласкавата титула најубава на светот, првпат таа титула во 2006 година ја освои Татана Качарова.

Изборот за Мис на светот 2024 се одржа во Мумбаи, Индија, ова беше 71 пат, а во финалето имаше 40 натпреварувачки од целиот свет.

Foto: Printskrin/Instagram/krystyna_pyszko

Кристина има 23 години, се занимава со манекенство, студира право и деловна администрација, течно зборува англиски, полски, словачки и германски јазик, а се залага за одржлив развој преку образованието.

Убавиците кои влегоа во финалето зборуваа за важни женски прашања, а победничката зборуваше за отстранување на стигмата и срамот околу менструацијата, велејќи дека „да се биде жена е подарок“ и дека менструацијата не треба да биде табу тема.

Пишкова на тронот ја замени Каролина Бјалавска од Полска, која победи во 2022 година, а минатата година натпреварот не се одржа.

Натпреварот за најубава жена на светот настана во Велика Британија во 1951 година како „натпревар во бикини“.

Foto: Printskrin/Instagram/krystyna_pyszko

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот