ФОТО: Кристијано Роналдо реагираше на осмата „Златна топка“ на Лионел Меси

Лионел Меси и Кристијано Роналдо/фото: EPA/VALERIANO DI DOMENICO

Во понеделникот аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ја освои својата осма „Златна топка“, односно наградата за најдобар фудбалер во светот.

Негов најголем ривал е Кристијано Роналдо, кој не беше меѓу номинираните фудбалери. Сепак, имајќи го предвид ривалството меѓу овие двајца фантастични фудбалери, сите само ја чекаа реакцијата на Португалецот.

Имено, тој не се огласи, туку „лајкна“ коментар кој вели: „Она што знаевме дека се случи, му дадоа уште една Златна топка на Меси. Замина во пензија во Мајами, иако веќе изгледаше како да е пензиониран во ПСЖ додека се подготвуваше за Мундијалот во Катар. Тој го освои Светското првенство да, но со шест пенали…

Светското првенство беше пред 10 месеци, сега сме во ноември. Меси заслужува 8 златни топки, но требаше да има само 5. Ја има Златната топка на Иниеста/Чави, Левандовски кој освои 6 трофеи во една сезона и Халанд кој беше најдобар стрелец на сите времиња.“

Покрај „лајкот“, под коментарот Роналдо стави и четири емотикони што се смеат.

Инаку на вечната листа Лионел Меси има осум „Златни топки“, три повеќе од Кристијано Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот