ФОТО | Крис Мартин е во љубов со ѕвездата на „Игра на тронови“ – и тоа веднаш по раскинувањето на осумгодишната врска со Дакота Џонсон!
Веста од светот на познатите личности се шират брзо, а според најновите информации, светот доби уште еден вљубен пар. Актерката Софи Тарнер (29) и фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин (48), наводно се во врска.
Препорачано
View this post on Instagram
Како што пишува „Дејли мејл“, Софи Тарнер и Крис Мартин веќе се излегле на „тајна средба“ откако актерката конечно раскинала со британскиот аристократ Перегрин Пирсон.
Според понатамошните пишувања на „Дејли мејл“, Софи и Пирсон веќе извесно време имале турбулентна врска, а средината на септември била пресудна за нив.
Според извор за горенаведениот медиум, раскинувањето се случило по свадбата на која присуствувале. Парот наводно се карал цело време, а тоа било тригерот да стават крај на врската. Софи порано беше во брак со Џо Џонас од групата „Џонас брадрс“.
View this post on Instagram
За да биде работата поинтересна, и Крис Мартин пред неколку месеци ја заврши својата осумгодишна врска со актерката Дакота Џонсон, а претходно беше во брак со актерката Гвинет Палтроу со кого има две деца.
„Ова е конечното раскинување на нивната врска“, изјавил извор за магазинот „Пипл“.
Ниту актерката ниту музичарот сè уште не се огласиле по повод овие натписи…
Сега е дефинитивно: Џо Џонас и Софи Тарнер се разделуваат, пејачот поднел барање за развод на брак


