ФОТО: Ковачевски и Ѓоковиќ помуабетиле за македонските вина

Фото: Фејсбук / Димитар Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва, во рамки на саемот „Винска визија на Отворен Балкан” во Белград, се сретна со српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ.

На средбата присуствуваа и српскиот претседател Александар Вучиќ, како и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.

Фото: Фејсбук / Димитар Ковачевски
Фото: Фејсбук / Димитар Ковачевски

„Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, покрај љубовта кон тенисот има уште една пасија, а тоа е виното. Семејството Ѓоковиќ има своја винарија и денес со задоволство поразговаравме за македонското вино кое добро го познава. Убавото вино ги поврзува луѓето, а саемот во Белград е прекрасна можност за поврзување на земјите од регионот“, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук, објавувајќи фотографија со поранешниот прв светски рекет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот