Фото: Приватна архива

ФОТО | НБА-ѕвездата Џејлен Браун на Ол стар натпреварот носеше патики од Сатја Грабулоски

Викендов во Лос Анџелес се одржа најголемиот кошаркарски настан во годината, натпреварот на најдобрите кошаркари од НБА лигата, познат како НБА Ол стар викенд.

А, на натпреварот, еден од најдобрите НБА кошаркари во моментов, Џејлен Браун од Бостон Бостон Селтикс, носеше патики дизајнирани од нашиот Сатја Грабулоски и неговото „SWithADot“ студио.

Фото: Приватна архива

Патиките се изработени по директна комуникација на Грабулоски со Браун, кој самиот ги даде насоките за уникатните патики што ги носеше.
Браун ги носеше овие патики и за официјалното фотографирање на играчите пред нивниот настап на Ол стар викендот.

Фото: Приватна архива

За патиките кои ги изработи за кошаркарот и комуникацијата со него, Грабулоски вели: „Да соработуваш со еден од најдобрите кошаркари во моментот во светот е уживање – посебно кога се работи и за одличен човек и интелект. Сигурно многу луѓе не знаат, но Џејлен, меѓу другото е и предавач на Универзитетот МИТ, па неговата љубов кон бројките и космосот се пресликани во еден пар патики кој ноќеска ги носеше на НБА Ол стар викенд. Разговараме и на тема Македонија, па при некоја следна посета на Европа, се надевам ќе го прошетаме низ Скопје“.

Фото: Приватна архива

Ова не е прва соработка на Грабулоски со луѓе кои се меѓу најзначајните во НБА. Во деловната биографија на „SwithADot“ се запишани и имињата на Шекил О’Нил, Леброн Џејмс, Никола Јокиќ, Јанис Антетокумпо, Двејн Вејд, Ален Ајверсон, Кармело Ентони, Богдан Богдановиќ и многу други.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот