ФОТО | Корпи за отпадоци со потпис на Ким Кардашијан: Ријалити ѕвездата лансира линија на додатоци за бања

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Ријалити ѕвездата е позната како една од најпознатите инфлуенсери во светот, а тој статус и донесе значителни приходи, а воедно и одличен простор за промовирање и продажба на производите кои го носат нејзиното име. По линиите облека за обликување на телото, долна облека, шминка, производи за нега на кожа и игри за мобилни телефони, Ким Кардашијан одлучи да лансира линија на додатоци за бања како дел од нејзиниот бренд „Skkn by Kim“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)


Минималистичката линија на додатоците за бања се целосно изработени од бетон. Асортиманот содржи пет парчиња, а ќе бидат достапни на 16 октомври. Заедно со корпата за отпадоци од 129 долари, Ким продава и послужавник по цена од 67 долари, бетонска кутија за ткиво (89 долари) и кутии за складирање по цена од 69 долари. Целиот бетонски сет чини нешто повеќе од 352 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)


По објавувањето на новата линија, корисниците на социјланите мрежи се пошегуваа на сметка на Ким и нејзиниот нов бизнис.

„Наскоро очекувајте депонија во вашата близина“, „Затворска ќелија изгледа подобро од ова“ се само дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот