ФОТО | Kолешката Радукану сепак била само пријателка: Алкараз има девојка шест години повозрасна од него
Карлос Алкараз откако ја освои титулата на САД Опен со победа над Јаник Синер повторно се најде во центарот на вниманието и тоа сега поради неговиот љубовен живот.
Препорачано
Иако претходно годинава се шпекулираше дека младиот Шпанец е во љубовна врска со Британката Ема Радукану, двајцата тоа категорично го негираа, велејќи дека се само добри пријатели, нешто што сега изгледа и се потврдува.
Новите информации откриваат дека Алкараз (22) е во врска со американскиот супермодел Брукс Нејдер, која е шест години повозрасна од него. Таа беше присутна и на финалниот меч во Њујорк, што дополнително ги засили гласините, иако првично медиумите шпекулираа дека е во врска со Синер.
Информациите на медиумите ги потврдди и сестрата на супермоделот, Грејс Ана при учество на една модна ревија.
„Гласините се вистина“, кратко одговорила таа на прашањето од новинарите за Алкараз, наводно и додала дека со нетрпение чека да го запознае.
View this post on Instagram


