ФОТО | Кога си заљубен, сè е убаво: Илина и Игор се подготвени за Стара нова година

Илина и Игор/Инстаграм
Илина и Игор/Инстаграм

Игор Џамбазов и Илина Арсова несомнено се омилениот пар на македонската јавност. И двајцата се активни на социјалните мрежи и  знаат да ги радуваат своите обожаватели и пријатели со заедничките фотографии и видеа, меѓусебната поддршка и позитивната енергија.

Така и овој пат, парот без грижа го дочека вчерашниот снег, со соодветна, весела објава на инстаграм-мрежата. Парот се сликаше со новогодишни реквизити како маски на лицата, подготвени за пречек на Василица, или Стара нова година. На сторињата, Илина во нејзин стил напиша:

Илина и Игор/Instagram
Илина и Игор/Instagram

„Кога врне надвор, глупирање по дома“

„Спремни за стара нова година“

Илина притоа сподели и  „стори“ на кои се потсети како изгледале тие двајца пред неколку години, кога имале „поубави“ фризури.

Илина и Игор/Instagram
Илина и Игор/Instagram

Тие редовно споделуваат фотографии со кои ја слават својата љубов. Неодамна Илина стави фотографија од нив двајца во Дојран, со порака дека зимата е прекрасна таму, на што доби позитивни коментари од своите следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот