ФОТО | Ќерката на Трамп викендов ќе се мажи за милијардер: Кој е идниот зет?

Фото: Инстаграм

Тифани Трамп (29), ќерката на Доналд Трамп (76) и Марла Мејплс (59), за неколку дена ќе се омажи за египетскиот милијардер Мајкл Булос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiffany Ariana Trump (@tiffanytrump)


Ќерката на поранешниот претседател на САД организираше прослава за најважниот ден во нејзиниот живот, на која присуствуваа нејзината полусестра Иванка, снаата Ерика и свршеницата на другиот брат Доналд помладиот, Кимберли.

Забавата била организирана во Мајами, на само неколку километри од имотот на нејзиниот татко Мар-а-Лаго на Флорида, каде таа и свршеникот Мајкл ќе одржат свадбена прослава на 12 ноември, пишува „Дејли мејл“.

Неколку гости на идната невеста споделија фотографии од моминската вечер на социјалните мрежи. Според објавите, Тифани за оваа пригода облекла бел фустан од тантела, додека останатите девојки носеле бели фустани со сини цветови. Меѓу гостите кои споделија фотографии беше и Иванка Трамп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)


Тифани и Мајкл се во врска од 2018 година, а се свршија во јануари 2021 година. Прстенот за ќерката на Трамп чинеше неверојатни 1.200.000 долари. Двојката се сврши во градината на Белата куќа во последните денови од мандатот на поранешниот претседател.


Беше чест да се прослават многу успеси, историски прилики и да се направат спомени со моето семејство во Белата куќа. Ништо не беше толку посебно како свршувачката со мојот прекрасен Мајкл. Се чувствувам благословено и возбудена сум поради следното поглавје“, напиша тогаш Тифани на Твитер покрај нивната заедничка фотографија.

Американските медиуми пишуваат дека на свадбата наводно ќе има повеќе од 500 гости.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiffany Ariana Trump (@tiffanytrump)


Мајкл Булос е наследник на нигерискиот конгломерат „Булос ентерпрајсез“ (Bulos Enterprises), тежок од повеќе милијарди долари. Младиот милијардер пораснал во Нигерија. Во САД се преселил по средбата со Тифани. Активен е на социјалните мрежи, само на Инстаграм го следат 45.000 луѓе.

Идните сопружници се запознале на Миконос во Грција.

Мајкл Булос (25) не штедел пари кога беше во прашање неговата свршеница, а овој богаташ има многу интересно потекло. Повеќето од бизнисите на неговото семејство се со седиште во Нигерија. Неговиот татко е познатиот бизнисмен Масад Булос, кој меѓу другото е и голем поддржувач на Доналд Трамп, кој е воодушевен од нивната љубовна приказна и свршувачката и едвај ја чека венчавката. Таткото на Мајкл изјави и дека Трамп е најдобриот американски претседател во поновата историја.

Тифани Трамп се сврши во Белата куќа, на последниот ден од мандатот на Доналд Трамп

Дипломираше ќерката на Трамп, тој се пофали: Тоа ми требаше, адвокат во семејството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот