ФОТО | Кети Пери го покажа задникот во бизарен фустан на наградите на „Билборд“

Фото: Profimedia

Американската пејачка Кети Пери (39) го привлече вниманието на доделувањето на наградите на „Билборд“, посветени на жените во музичката индустрија, додека позираше на црвениот тепих во црна танга, покажувајќи го својот задник во црвено здолниште со врвка кое го спои со корсет и црни потпетици.

Што се однесува до деталите, таа носеше бисерно ланче и бисерни обетки, а косата ѝ беше врзана во опавче.

Фото: Image Press Agency/NurPhoto/Shut / Shutterstock Editorial / Profimedia

Покрај тоа, ѕвездата покажа уште еден детаљ – нејзината нова тетоважа, која одблизу може да се види на нејзиниот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм/Кети Пери

Покрај фотографиите, објавено е и видео од нејзините тетоважи и танга и на кое се гледа како некој ѝ помага да ги затегне врвките на здолништето.

Се чини дека пејачката е во фаза на забава и уживање во животот. Неодамна таа сподели дека присуствувала на концерт на Тејлор Свифт, каде ги пееше песните на пејачката и сними моменти од концертот со својот мобилен телефон.

Фото: Инстаграм/Кети Пери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот