ФОТО: Каде исчезна извајаното торзо на Леонардо Дикаприо? За малку ќе ги „изгубеше“ и шорцевите
Папарацо фотографите се изнасликаа. Леонардо Дикаприо ужива на плажа во Малибу, каде што се забавуваше во добро друштво.
Во пресрет на неговиот 46-ти роденден, американскиот актер Леонардо Дикаприо реши да се забавува во друштво на неговиот стар добар пријател и колега Емил Хирш, со кого неодамна глумеше во хит филмот „Once Upon a Time in Hollywood“. Дуото беше снимено на една од плажите во Малибу, а им се придружи и таткото на Лео, Џорџ Дикаприо.
Леонардо ги игнорираше останатите пливачи, но тие го забележаа, најмногу поради формата на телото што очигледно решил да ја занемари. Од старото „извајано тело и плочки“ веќе не останало ништо. Глумецот дури и не се грижеше за своите шорцеви за пливање, кои за малку ќе му паднеле кога излегол од морето.
И покрај сѐ, актерот се уште ја носи титулата еден од најпосакуваните мажи на денешницата, а неговата малку запоставена форма не ѝ пречи ни на неговата девојка Камила Мороне, која е 22 години помлада од него и од која многу ретко се разделува.
Без разлика дали е во форма или не, Леонардо може да се пофали дека беше посакуван од најубавите жени на светот, но не сакаше да се смири со ниту една, па сите го оставија. Но, сè погласни се приказните дека Камила е таа што ќе ја однесе пред олтарот и дека свадбените ѕвона се спремни да бијат во име на нивната љубов.