ФОТО | Каде има чад, таму има и оган: Први фотографии од новиот пар Дикаприо и Џиџи

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Холивудскиот заводник Леонардо Дикаприо (47) конечно е „уловен“ со топ-моделот Џиџи Хадид (27), и тоа на забава во Њујорк, во понеделникот.

Актерот е фотографиран со манекенка за првпат откако се појавија вестите за нивната романса, а до ексклузивните фотографии дојде „Дејли мејл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bi’Dünya Magazin (@bidunyamagazin)


Се чини дека ова е првпат оскаровецот да се забавува со жена постара од 25 години, а Џиџи исто така би била првата жена со која се забавувал која е мајка.

Фотографиите се направени на ексклузивна забава, која во „Каза Кипријани“ ја приредиле пријателите на Дикаприо, Ричи Акива и Дарен Џиенсиол, а го прикажуваат актерот облечен во црна кошула со кратки ракави и црна бејзбол капа.

Дикаприо и Џиџи, која носела топ-маичка која го откривала нејзиниот стомак, во комбинација со широки фармерки, можеле да се видат во интимен разговор, потпрени еден до друг, додека се обидувале да разговараат среде гласната забава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @dopemgz2


По протекувањето на новите фотографии, извор близок до двојката рекол дека работите помеѓу нив „бавно се одвиваат“, пишува „Пејџ сикс“.

Изворот додал дека Лео и Џиџи излегуваат и сами, но се дружат и во групи, но тие сè уште не се нарекуваат себеси „пар“. „Дикаприо не е некој кој влегува и излегува од врски, така што оставиле нивниот однос да тече бавно“.

Сепак,  на фотографиите се гледа дека тие изгледаат многу блиски еден со друг, Дикаприо ги ставил рацете на рамената на Џиџи, дури и се чинело дека во еден момент се држат за раце.

Иако се чини дека Дикаприо се фокусирал кон Џиџи, еден извор рекол за „Е! њуз“ дека тој „ужива да биде сингл.

Дикаприо штотуку ја раскина четиригодишната врска со манекенката Камила Мороне (25), а Џиџи веќе извесно време е сингл, откако ја прекина врската со пејачот Зејн Малик, со кого ја има ќерката Каи.

ФОТО | Камила Мороне „уловена“ на плажа: Девојката на Дикаприо е природна убавица

ФОТО | Камила Мороне „уловена“ на плажа: Девојката на Дикаприо е природна убавица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот