ФОТО | Камила Мороне „уловена“ на плажа: Девојката на Дикаприо е природна убавица

Леонардо Дикаприо, Камила Мороне
Леонардо Дикаприо и Камила Мороне / Фото: ЕПА-ЕФЕ

Манекенката Камила Мороне неодамна беше забележана од будните папараци на плажа во Малибу, а оваа убавица продефилираше на плажа во минијатурно бело бикини и со нова боја на коса – портокалова, што е навистина голема промена, со оглед на тоа што со години ја знаеме како бринета.

Камила Мороне
Камила Мороне / Фото: Profimedia

Камила која несомнено е една од ретките природни жени во светот на шоу-бизнисот, се пофали со рамен стомак и убаво, заводливо деколте, но и без проблем покажа дека има целулит – а тоа не ја прави помалку секси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @celebritypictures22

Инаку, ова е една од ретките ситуации кога папараците успеале да уловат убава 25-годишна девојка во бикини.  Да потсетиме, Камила на јавноста ѝ е најпозната како девојката која успеа да го „скроти“ Леонардо ди Каприо, човекот кој важеше за најголемиот заводник во Холивуд. Интересно е што актерот всушност никогаш не излегувал со девојка постара од 25 години, а таа информација стана дури и инертна шега во Холивуд – ја спомна и Ејми Шумер при доделувањето на Оскарите оваа година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by World of Modus (@worldofmodus)

Тие почнале да се забавуваат во 2017 година, кога манекенката имала само 19 години, а 22-години подоцна Леонардо, веќе го прославил својот 41 роденден! Но, нивното запознавање оди уште подалеку во минатото – имено, Камила и Леонардо се познавале кога таа била мало девојче, бидејќи актерот бил пријател со нејзиниот очув, Ал Пачино.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Legends Inc. (@legends.inc)

И додека на почетокот на нивната врска можеа да се видат заедно на егзотични одмори и луди забави колку нивната врска стануваше посериозна, толку помалку се појавуваа заедно во јавноста. Но, и покрај тоа, љубовта на Камила и Леонардо стануваше се поинтензивна и во декември 2020 година, парот започна да живее заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот