Петар Грашо во пресрет на концертите во Скопје: Со симфонискиот оркестар ќе направиме ноќ за паметење

Фото: Промо

И повеќе од јасно е дека хрватскиот пејач Петар Грашо е миленик на македонската публика. Доказ за истото се и трите закажни концерти во Македонска филхармонија.

Како што дознаваме од тимот на Грашо, сѐ е подготвено за концертите кои се закажани на 26, 27 и 29 април. Се води сметка буквално за секој детаљ, а со оглед на тоа што не очекува музички, сценски спектакл, не се штедело апсолутно на ништо.

Човекот кој во моментов претставува хрватска институција, ќе имаме можност да го гледаме и слушаме во интимен амбиент во Скопје, каде што заедно со симфониски оркестар на сцената во Филхармонија, ќе ги испее своите најголеми хитови, но и хитовите на Оливер Драгојевиќ.

Публика ќе има од секој крај на Македонија, а Грашо едвај чека да застане на сцената во Филхармонија

– За овој концерт се подготвуваме долг период и со нетрпение ја очекувам средбата со македонската публика. Искрено се радувам на огромниот интерес за моите концерти и знам дека заедно со симфониски оркестар ќе направиме ноќ за паметење, ноќ во која сите ќе пееме, радуваме и уживаме – кажа Грашо во пресрет на неговите три концерти во Скопје.

Првите два концерти на Петар Грашо кои се закажани на 26 и 27 април, се целосно распродадени. Во продажба се последните влезници за третиот концерт, па затоа побрзајте и веднаш купете! Влезници може да најдете преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК травел во Бисер.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот