ФОТО | Јаков Јозиновиќ прошета низ Скопје пред вечерашниот концерт и се пофали со специјалниот подарок од Калиопи
Младиот хрватски пејач Јаков Јозиновиќ вечерва ќе настапи пред преполна сала во Скопје, откако беше објавено дека концертот во СЦ „Јане Сандански“ е целосно распродаден.
Препорачано
Неколку часа пред својот прв настап пред македонската публика, Јаков се огласи на социјалните мрежи дека е во Скопје и е подготвен за вечерашниот настап.
Младиот пејач објави фотографија од хотелската соба и напиша: „Скопје, дали си спремно за вечер?“.
На другите фотографии може да видиме дека тој прошетал со друштво низ центарот на нашиот главен град, а се пофали и со специјалниот подарок од нашата единствена, Калиопи.

„Кога една голема Калиопи ќе ти посака среќа за вечерашниот концерт во салата во Скопје… Благодарам од срце, се радувам на првата пригода да пееме заедно“, напиша Јаков покрај фотографијата од букетот и пораката испратена од Калиопи.
Инаку, Јозиновиќ го посети и Крушево, родниот град на Тоше Проески. Тој објави фотографии од спомен-куќата на легендарниот пејач, кого во повеќе наврати го има наречено свој идол.
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Јаков Јозиновиќ: Од Тоше Проески научив како да бидам добар човек


