ФОТО | Иван Јованов од „Либеро бенд“ очекува дете, со девојката направи забава за откривање на полот

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Иван Јованов, пејачот од „Либеро бенд“ ја изненади јавноста со веста дека има нова девојка и дека чека принова. Со забава за откривање на полот, тој откри дека со својата избраничка Ивана очекуваат ќерка.

По разделбата со Антониа Гиговска, пејачот не говореше јавно за својот љубовен живот, па сè уште не се познати деталите за неговата нова врска.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

На фотографиите кои беа објавени на социјалните медуми, може да се забележи дека заљубениот пар навистина се радува на веста дека бебето кое го очекуваат ќе биде девојче, а честитки до нив пристигнаа од сите страни.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

За потсетување, поранешна девојка на Иван Јованов беше македонската ѕвезда Антониа Гиговска. Таа и нејзиниот партнер Роберт, попознат како Џокер, оваа година стапија во брак, а пред речиси два месеци го добија нивното прво дете, синот Киан.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот