ФОТО | „Икеа“ го исмеја здолништето-крпа на „Баленсијага“ од 925 долари: Понуди многу поевтина опција

Луксузниот моден бренд „Баленсијага“ неодамна го објави својот најнов моден дизајн на здолниште-крпа кое чини 925 долари, а се работи за памучен пешкир од фротир, со извезено лого на брендот.
Социјалните мрежи беа преплавени со оваа информација, која кај многумина предизвика бес, бидејќи се работи за уште еден непотребно скап предмет од овој моден бренд.

Но, откако „Баленсијага“ излезе со својата линија на текстилни производи за бања со високи цени, од „Икеа“ решија да го исмејат здолништето и на својот инстаграм-профил ја промовираа својата линија на пешкири.

Шведскиот синџир познат по продажбата на прифатлив асортиман на мебел на склопување, го промовираше „Винарн“ (Vinarn), пешкир за капење кој доаѓа во беж боја, а чини само 20 долари.

Во објавата, моделот кој носи очила за сонце и дуксер го облече пешкирот „Винарн“ околу половината, имитирајќи го здолништето-крпа на „Баленсијага“.
Инаку, „Баленсијага“ претходно продаваше чанта вредна 2.145 долари, која беше со неверојатна сличност со торбата за пазарење на „Икеа“ од 99 центи.
ФОТО + ВИДЕО | „Баленсијага“ повторно си игра мајтап: Продава крпа како здолниште за 925 долари