ФОТО: Херојски чин на Хрват кој спасува возач заглавен под поплавен подвозник во Славонски брод

фото: Фејсбук

Хрватскиот град Славонски Брод го зафати невреме, а еден несреќен возач се заглави со својот автомобил во поплавен подвозник. За негова среќа наишол Хрвоје Мужевиќ кој го извлекол возачот од водата, за невобичаената ситуација пиштува „Јутарњи“.

– Авантура. Акција за спасување – напиша Мужевиќ на Фејсбук со слика на која му помага на несреќникот во неволја, а неговиот херојски подвиг ги воодушеви читателите.

 

Секоја чест“, „Браво Хрвоје“, „Хероите се познаваат во мака, капа до земја“, „Навистина херојски и хумано“, пишуваат коментаторите, а се предупредува и за честите поплави што се случуваат на тој подвозник.

„Тој подвозник секогаш бил поплавен од првиот ден на сообраќај. Веројатно мал капацитет за примање на дождовница. Виновни се проектантот и изведувачот, требало да предвидат екстремни услови на дождовница, поплавување…“, напиша еден коментатор.

 

 

Инаку, Хрвоје Мужевиќ е познат одгледувач на кучиња од расата германска дога, а оние што го познаваат тврдат дека ова не е првпат да спасува луѓе и животни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот