Баерн Минхен/FC Bayern München

ФОТО | Германска дисциплина: Во Баерн времето е испланирано до секунда – буквално

Баерн Минхен во саботата без многу мака го совлада Вердер Бремен со 3-0 и повторно создаде плус шест бода во однос на второпласираната Борусија Дортмунд во Бундеслига.

По последниот свиреж, тимот на тренерот Венсан Компани експресно го напушти Бремен и се упати кон аеродромот за враќање во Минхен. Набрзо потоа, германските медиуми добија ретка можност  да ѕирнат во гостинската соблекувална, чии врати останале отворени.

Просторот, каде што фудбалерите обично ги пречекува уредно подготвена опрема, бил речиси целосно среден, но зад Баварците останале неколку ситници, шишиња со вода, шолји и чинии. Сепак, најголемо внимание привлекол еден голем лист хартија закачен на ѕидот, документ што јавноста речиси никогаш немала можност досега го види.

Станува збор за детален протокол за денот на натпреварот, испланиран буквално во секунда. Така, проверката на опремата во Бремен била закажана точно во 15:23 часот, а излегувањето на теренот почнало во 15:26 и 30 секунди.

Очигледно, германската прецизност дала резултат во Бремен сè течело според планот, а Баерн со сигурната победа дополнително ја зацврсти својата позиција во трката за шампионската титула.

Фото: Bild

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот