ФОТО ГАЛЕРИЈА | Свечено отворање на Охридско лето: Гламурозната оперска дива Анџела Георгиу го шармираше „Антички“

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Драматичниот и богат настап на оперската ѕвезда, сопранот од Романија Анџела Георгиу, со Оркестарот на Националната опера и балет го отвори 63. Охридско лето, сношти во Античкиот театар во Охрид.

Концертот почна со „Увретира“ од операта „Моќ на судбината“ на Џузепе Верди, а заврши со популарната „Гранада“, на бис. Во текот на сите парчиња што ги испеа Георгиу, а особено на крајот се докажа зошто е таа светски популарна. Уникатниот вокал и начин на изведба, леснотијата со која ги пее ариите, страсниот сценски настап ја прават долги години да опстои на врвот. Сето ова го препозна и публиката на Охридско лето.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Со оркестарот на Националната опера и балет, кој всушност ја имаше главната музичка улога диригираше Романецот Чипријан Теодорашку. Популарните дела како „Увертирата“ и „Хабанера“ од операта „Кармен“ од Бизе, извадоци од балетот „Ромео и Јулија“ на Прокофјев, „Унгарскиот танц број 5“ од Брамс направи публиката на ужива во секој дел од овој концерт.

Познатата диригентка Бисера Чадловска, која годинава прослави 20 години сценска дејност, како музички селектор го отвори фестивалот и рече дека таа и целиот тим се исполнети и горди и едвај чекаат оркестарот да го отсвири првиот тон.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

На присутните им се обрати и министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска.

– Во време во кое пред очи ни се менува светот со брзина напати тешко совладлива за нашиот разум, брзина која заплашува и ни се чини дека не ветува ништо добро, уметноста, како и многупати досега, ни го чува стравот со својата смирувачка порака – сè ќе биде во ред! „Охридско лето“ одамна е во Европа. Стариот континент со својот истанчен и пребирлив вкус за културата и уметноста, со задоволство ќе повторам, високо го вреднува овој фестивал – рече Костадиновска- Стојчевска меѓу другото.

Претседателот Стево Пендаровски како покровител, официјално го отвори фестивалот посакувајќи успешни фестивалски денови и уште една креативна размена меѓу уметниците. Директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ традиционално го запали фестивалскиот оган, а настанот заврши со огномет.

Со разновидна програма на повеќе сцени, фестивалот ќе трае до 20 август.

Костадиновска- Стојчевска на „Охридско лето“: Ги замолувам угостителите да не наплатуваат како за воена отштета

 

Впечатлив говор на отварањето на „Охридско лето“ сношти во Античкиот театар во Охрид, одржа министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска.

На публиката особено ѝ се допадна крајот на говорот, во кој министерката им се обрати на охридските угостители.

-Летната сезона во Охрид не трае долго време и затоа квалитетот, а не квантитетот му прилега на овој древен и скапоцен македонски град. Затоа имам една порака. Поради „Охридско лето“, и годинава на гости ќе ни дојдат многубројни уметници од целиот свет. Ги замолувам угостителите да не им наплатуваат како да треба да платат воена отштета или некои други ненамирени долгови од векови наназад.

Ако овие зборови на луцидниот Душко Радовиќ допрат до нашите домаќини, им благодарам!“, рече Костадиновска- Стојчевска.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот