ФОТО ГАЛЕРИЈА | Најпосакуваниот маж на светот денеска полни 60 години: Среќен роденден Бред Пит

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Еден од најпосакуваните мажи на светот Бред Пит денеска го слави својот 60-ти роденден. Поради младешкиот изглед на холивудскиот убавец навистина е тешко да се поверува дека има 60 години, а обожавателите го споредуваат со ликот на Бенџамин Батон кој го играше во филмот.

Магазинот „Пипл“ (People) двапати го прогласи за најсекси маж во светот, во 1995 и 2000 година.

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL EDITORIAL USE ONLY

Холивудскиот заводник имаше многу љубови, но само две останаа запаметени. Бред Пит и Џенифер Анистон беа еден од најубавите холивудски парови на почетокот на 2000-тите, а нивниот развод поради Анџелина Џоли беше главна тема и скандал од епски размери.

Фото: EPA/DEBBIE VANSTORY
Фото: EPA/DANIEL DEME

Пит имаше три деца со Џоли, а нивната битка за развод и старателство ги наполни медиумските колумни. Утеха најде во врската со 33-годишната актерка Инес де Рамон.

Во текот на својата богата кариера, Пит одигра многубројни улоги, а меѓу најнезаборавните се оние во филмовите „Thelma & Louise“, „Fight Club“, „12 Monkeys“, „Merciless Bastards“ и „Once Upon a Time in Hollywood“.

Во едно неодамнешно интервју, тој призна дека со текот на годините се успорил, но фановите не се согласуваат – изгледа дека годините на Бред Пит застанале. Дури и кога носи здолниште или само јаде чипс, Пит сè уште е сон на многу жени во светот.

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA
Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN
Фото: EPA/Armando Mota
Фото: EPA PHOTO/ ANSA / DEL CASTILLO
Фото: EPA PHOTO EPA/HUGO PHILPOTT/hp/lk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот