Фото: „Ендорфин“

ФОТО | „Ендорфин“: Прекумерната сеча на Илинска Планина ги уништува патеките, шумите и екосистемот

Планинарското еколошко друштво „Ендорфин“ реагира дека на Пространска (Илинска) Планина, во Кичевско, е направена голема сеча, која, како што велат, сериозно ја оштетила планинарската патека од селото Прострање до врвот Лиска. Воедно е уништена и шумата.

„Голем дел од патеката која со години ја одржувавме и маркиравме – денес е избришан, а на него се наоѓаат остатоци од сеча и голема количина расфрлан отпад. Нашите планинари при теренска акција, денес, собраа дел од отпадот. Ова не е само уништување на една патека, туку и сериозно нарушување на екосистемот со оглед на тоа што пред скоро време беше регистрирана нова единка балкански рис на соседната планина Баба Сач, која се движи и на подрачјето на Илинска Планина. Ова дополнително го загрозува неговото природно живеалиште и чувствителниот биодиверзитет во регионот“, реагираат од „Ендорфин“.

Фото: „Ендорфин“

Покрај тоа, велат оттаму, се потценува и долгогодишниот труд на планинарите и љубителите на природата, а истовремено се доведува во прашање безбедноста на сите посетители.

Апелираме до надлежните институции итно да извршат увид на терен, да утврдат одговорност за направената штета и да преземат мерки за заштита. Како планинарско друштво ќе продолжиме да се залагаме за зачувување на планините и патеките, но за тоа е потребна заедничка одговорност и поддршка. Планината не е ресурс за уништување – таа е наше заедничко богатство кое мора да го зачуваме“, се вели во реакцијата на „Ендорфин“.

Фото: „Ендорфин“
Фото: „Ендорфин“
Фото: „Ендорфин“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот