ФОТО | Емотивни сцени од Турција: Животните не се одвојуваат од своите сопственици

По силните земјотреси кои се случија вчера во Турција и Сирија, во кои загинаа најмалку 3.000 луѓе, постојано пристигнуваат нови потресни фотографии кои ја сведочат трагедијата која им се случи на тамошниот народ.
Но, граѓаните на погодените градови не заборавија и на животните. На голем број фотографии може да се види како луѓето цврсто ги држат своите миленици, кои се, исто така, преплашени по земјотресите.
Дождот и снегот, кои наместа ги има во изобилство, и падот на температурата со доаѓањето на ноќта само ги отежнуваат условите во кои се нашле луѓето и животните.





Турски полицаец спасил мачка од урнатините во Дијарбекир
Меѓу другото, на социјалните медиуми се појавија и фотографии од турски полицаец со мачка во своите раце, која ја извлекол од урнатините и ја спасил.
Турската жандармерија спасила мачка од урнатините на трговскиот центар „Галерија“ по земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди турскиот град Дијарбекир. Според фотографиите, јасно се гледа дека мачката била многу исплашена.

Повеќе на темата:
„Баба ми е заробена во зградата“: Турските ѕвезди се огласија за земјотресот, бараат помош
Емина Јаховиќ се огласи за земјотресот, бара помош: Пејачката живее во Истанбул со синовите