Веста за нејзината смрт ја вознемири јавноста, а познатите ѕвезди и обожавателите со емотивни пораки се простија од неа на социјалните медиуми.
Фронтменот на бендот „Ролинг Стоун“, Мик Џегер преку Фејсбук објава напиша:
„Толку сум тажен поради смртта на мојата прекрасна пријателка Тина Тарнер. Таа беше навистина премногу талентирана изведувачка и пејачка. Таа беше инспиративна, топла, смешна и дарежлива. Ми помогна толку многу кога бев млад и никогаш нема да ја заборавам“.
Фото: Twitter/ Mick Jagger
Анџела Басет, која глумеше како Тарнер во филмот „What’s Love Got To Do With It“ напиша:
„Како да се збогуваме со жена која поседуваше голема болка и траума и ги користеше како средство за да помогне да се промени светот? Преку нејзината храброст да ја раскаже нејзината приказна, нејзината посветеност да остане на патот во нејзиниот живот, без разлика на жртвата, и нејзината решеност да создаде простор во рокенролот за себе и за другите што личат на неа, Тина Тарнер им покажа на другите Како треба да изгледа убава иднина исполнета со љубов, сочувство и слобода. Почестена сум што ја познавам Тина Тарнер. Понизна сум што помогнав да му ја покажам на светот. Така, денес, додека жалиме за загубата на овој иконски глас и присуство, таа ни даде повеќе отколку што можевме да побараме. Ни го даде целото себе. А Тина Тарнер е подарок кој секогаш ќе биде „едноставно најдобар“. Ангели, запејте за да почива во мир… Кралицата.“
Фото: Instagram/ im.angelabassett
Водителката Опра Винфри, во чии емисии пејчката неколку пати гостуваше, на својот Инстаграм профил објави:
„Почнав како обожавателка на Тина Тарнер, следејќи ја од шоу до шоу низ целата земја, а потоа, на крајот, станавме вистински пријатели. Таа е нашата вечна божица на рокенролот која поседуваше огромна внатрешна сила која растеше во текот на нејзиниот живот. Таа беше пример не само за мене туку и за светот. Таа охрабри дел од мене за кој не знаев дека постои. Откако таа се ослободи од долгогодишното семејно малтретирање, нејзиниот живот стана гласен повик за триумф. Благодарна сум за нејзината храброст, што ни покажа како изгледа победата. Таа еднаш сподели со мене дека кога ќе дојде време да ја напушти оваа земја, нема да се плаши, туку ќе биде возбудена и љубопитна. Затоа што научила како да живее опкружена со својот сакан сопруг Ервин и пријателите. Јас сум подобра жена, подобар човек, бидејќи нејзиниот живот го допре мојот. Таа беше навистина најдобра.“
Фото: Instagram/ Oprah
Поп дивата Мараја Кери, исто така сподели емотивна објава:
„Зборовите легендарна, икона, дива и суперѕвезда многу често се користат, а сепак Тина Тарнер ги отелотворува сите нив и уште многу други – неверојатен изведувач, музичар. За мене таа секогаш ќе биде инспирација за жените насекаде. Нејзината музика ќе продолжи да ги инспирира генерациите што доаѓаат“.
Фото: Twitter/ Mariah Carey
Објава има и од Белата куќа со која се простија од пејачката:
„Тина Тарнер беше музичка икона и нејзината смрт е огромна загуба за сите што ја сакаа, како и за музичката индустрија“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
Елтон Џон објави фотографија на која двајцата се прегрнуваати напиша:
„Загубивме еден од највозбудливите и најенергичните изведувачи во светот“
Фото: Instagram/ Elton JohnФото: Twitter/ NASA
„Нејзиниот белег засекогаш ќе остане во ѕвездите“, беше напишано во објавата на НАСА.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Во вечерашната епизода на „Мамамвизија“ гостинка е нашата фолк-пејачка Зуица Лазова. Ќе ја видите секогаш ведра, полна со емоции на сцената. Таа е еден од најдобрите вокали на нашата сцена, дама со харизма, но каква мајка е? Сопруга му е на врвниот пејач Наум Петрески со кого важат за еден од најинспиративните парови на естрадата. …
Во вечерашната епизода на „Мамамвизија“ гостинка е нашата фолк-пејачка Зуица Лазова. Ќе ја видите секогаш ведра, полна со емоции на сцената. Таа е еден од најдобрите вокали на нашата сцена, дама со харизма, но каква мајка е? Сопруга му е на врвниот пејач Наум Петрески со кого важат за еден од најинспиративните парови на естрадата. …