ФОТО | E ова е маркетинг! Наша пиљарница со досетливи реклами: Со кромид млад, ќе ја пољубиш само во врат

Гравче/Гевгелиска пиљарница/Facebook
Гравче/Гевгелиска пиљарница/Facebook

За празнициве, креативноста во било кој сегмент од животот се исплати, особено ако привлече внимание.

Со таква екстра идеја за Бадник, вирално се проширија фотографии од една гевгелиска пиљарница во која сите производи што се изложени, се продаваат со интересни, досетливи пораки.

„Со кромид млад за Бадник ќе ја пољубиш само во врат“ – вели една од пораките врз младиот кромид. Но не е првпат овие реклами да го привлечат вниманието на интернет.

Во друга прилика гевгеличани имале објавено фотографија од домати, и реченицата:

„Не биди папучар, купи си домат јабучар“.

Неделната реклама за новото гравче е врвот. Можеби е за некого премногу, или на границата помеѓу добриот и лошиот вкус, но сепак привлече внимание.

Гравче/Гевгелиска пиљарница/Facebook
Гравче/Гевгелиска пиљарница/Facebook

„Сакате да бидете погласни од вашиот комшија за Бадник, а не знаете како??? Ние го имаме решението за вас!!! Најдобриот г’зопевец во градот!!! Да беше лето ќе го варевте на сонце!!! Затоа што вашиот задник знае што е добро!!!“, пишува во рекламната порака за гравчето во пиљарницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот