ФОТО | Џени Гарт се прости од Шенон Доерти: „Нашата врска беше вистинска и искрена“
Актерката Џени Гарт се прости од својата колешка Шенон Доерти, која почина во саботата на 54-годишна возраст.
Препорачано
Тие глумеа заедно во серијата „Беверли Хилс, 90210“ („Beverly Hills, 90210“), а сега Гарт сподели стари заеднички фотографии и ѝ посвети емотивна порака на својата колешка.
„Сè уште ја процесирам мојата огромна тага поради загубата на мојата долгогодишна пријателка Шенон, жена која често ја опишував како една од најсилните луѓе што некогаш сум ги запознала. Нашата врска беше искрена и вистинска. Често се каравме една со друга, но ништо од тоа не ја покажа нашата вистинска врска која беше изградена на заемна почит и восхит. Беше храбра, страствена, одлучна, полна со љубов и велкодушна. Ќе ми недостасува и секогаш долабоко ќе ја почитувам во срцето и моите сеќавања“, напиша Гарт.

Хит серијата „Беверли Хилс, 90210“ се снимаше од 1990 до 2000 година. Доерти го отелотвори ликот на Бренда Волш, а серијата ја напушти на крајот на четвртата сезона, поради расправија со нејзините колеги. Гарт, која го играше ликот на Кели Тејлор, остана во серијата до крајот.
Сепак, и покрај бројните расправии, колешките останаа во добри односи.


