Фото: Фејсбук/Марина Дојчиновска

ФОТО | Две причини за честење кај Горан Алачки: Се славеше до наутро во Владимирово

Музичарот Горан Алачки имаше голема причина за честење и по тој повод ги собра своите најблиски во неговата убава куќа во селото Владимирово, во која живее.

Поводот е неговиот 61. роденден, а неговата партнерка, новинарката Марина Дојчиновска, му го честиташе со овие зборови: „Среќен роденден, убав мој“. Двојката се сликаше до голема торта со бројот 61.


Но, роденденот не е единствениот повод за славење кај Алачки, кој куќата во Владимирово ја претвори во културен центар, каде што доаѓаат музичари од целиот свет.

„Културниот центар Горан Алачки во Владимирово беше исполнет со многу љубов и убавина… 31.01.2026. Слава на фамилијата Алачки и истовремено 61 роденден… Ден за паметење“, напиша Горан на својот фејсбук-профил.


Во коментар, тој им се заблагодарил на сите гости кои дошле на оваа прослава, а особено на колегите.

„Голема благодарност до сите што дојдовте, а посебно до луѓето кои свиреа и пееја до доцните часови: Горан Кукиќ, Драган Мијалковски, Благоја Грујовски, Смиља Митровска, Жаклина Узунова, Нино Величковски и група ‘Штекица’. Ви благодарам“, напиша музичарот.

Инаку, Алачки по вторпат годинава ќе го организира „Фолк фест Владимирово“, токму во неговиот музички центар, на 26 мај, а најавени се 12 познати пејачи од домашната естрада.

На фестивалот ќе настапат: Драган Мијалковски, Жаклина Узунова, Нино Величковски, Виданка Георгиева, Круме Спасовска, Смиља Митревска, Ванчо Тарабунов, Благоја Грујовски, Елена Андоновска, Перо Христов, Благица Калева и Ленче и Горан Кукиќ.

Пејачите ќе ги придружува оркестарот на Горан Алачки, составен исто така од познати музичари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот