ФОТО | Добредојдовте во клубот „помлади од 25 години“ на Дикаприо: Сите девојки на актерот имаат нешто заедничко

Леонардо Дикаприо/ Жизел Бундшен/Тони Гарн/ Бар Рафаели/Фото: Профимедиа/ИМДб

Веста дека холивудскиот заводник Леонардо Дикаприо наводно раскинал со манекенката Камила Мороне завчера одекна како бомба во светските медиуми, само еден месец откако таа наполни 25 години. Се чини дека најновото раскинување одговара на образецот што неодамна се појави на социјалните мрежи, а кој објаснува како Дикаприо никогаш јавно не излегува со жена постара од 25 години.

Актерот секогаш со своите врски успеваше да го привлече вниманието на јавноста и се најде на многу насловни страници. На Твитер е објавен список – со која девојка бил и колку години имале девојките тогаш, а колку години по раскинувањето.


Во 2000 година, кога имал 25 години, стапил во врска со својата најмлада девојка Жизел Бундшен, која тогаш имала 18 години. Актерот и супермоделот раскинале по пет години, кога Жизел имала 23 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by violentvictory (@violentvictory)


Откако ја прекинал врската со Бундшен, Лео се забавувал и со моделот Бар Рафаели од „Спортс илустрејтед“ до 2011 година. Нивната врска завршила по шест години љубов – случајно во истиот момент кога манекенката наполнила 25 години.

Актерката Блејк Лајвли, која сега е во брак со актерот Рајан Рејнолдс, се забавувала со Лео кога таа имала 23 години. Тие се запознале за време на Филмскиот фестивал во Кан во 2011 година. Нивната врска траела околу една година.

Фото: Профимедиа

Следната јавна врска била со ангелот на „Викторијас сикрет“, Ерин Хетертон. Таа за време на нивната врска имала 22 години, а раскинале по 10 месеци љубов. Наводната причина за нивното раскинување била неусогласеноста на деловните распореди.


Во врската која траела 18 месеци, од мај 2013 до декември 2014 година, Лео бил со германскиот топ-модел Тони Гарн, која тогаш имала 20-21 година. Според странските медиуми, Гарн ја прекинал врската откако Лео бил забележан како излегува од ноќен клуб во Мајами со 20 жени. По првичното разделување, во неколку наврати беа видени како се дружат, но сепак, раскинале.


Дикаприо ја чуваше врската со манекенката Нина Агдал подалеку од очите на јавноста. Во текот на врската имала 24 години, а раскинале во 2017 година кога таа наполнила 25 години. Во август 2016 година, парот доживеа сообраќајна несреќа која помина без посериозни последици.


По таа врска, како што е познато на јавноста, Дикаприо стапил во врска со Камила Мороне. Нивната врска траеше четири години, а кога почнаа да излегуваат, Камила имаше 20-21 година. Извор близок до „Сан“ тврди дека парот се разделил претходно ова лето. И токму околу 25-тиот роденден на Камила…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cuồng Phim (@cuongphim)

Само помлади од 25 години: Леонардо Дикаприо и Камила Мороне се разделија по 4 години врска

ФОТО | Камила Мороне „уловена“ на плажа: Девојката на Дикаприо е природна убавица

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот