ФОТО | Димитријевиќ доби место во најдобрата петорка во ВТБ лигата

Фото: BC UNICS (Kazan)

Репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ благодарение на одличните настапи во дресот на Уникс Казан одново доби место во најдобрата петорка за периодот од 4. до 10. март.

Димитријевиќ одигра одлично во натпреварите против ЦСКА Москва и Парма Перм во кои оствари просек од 31. поен и 4.5 асистенции и три скока по натпревар.

Покрај македонскиот репрезентативец во најдобрата петорка се уште Октавиус Елис од Уралмаш, Мело Тримбл од ЦСКА, Си Џеј-Брајс од Парма Перм и Томас Ертел од Зенит.

Фото: VTB United League

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот