ФОТО: Џо Манганиело го промени стилот: Сопругот на Софија Вергара е непрепознатлив!

Фото: Инстаграм

Џо Манганиело (43) важи за еден од најзгодните холивудски актери, а многу мажи му завидуваат затоа што го освои срцето на Софија Вергара (48), една од најубавите жени во светот.

Фото: Инстаграм

Sвездата на филмот „Волшебниот Мајк“, препознатлив по темната коса, реши да го смени имиџот и да ја скрати косата по популарниот Ирокеа стил – потполно кратка коса на двете страни, а во средината косата е долга. И тоа не е сè! Џо отиде и чекор подалеку и сега е „плавуша“!

Со оваа голема промена на имиџот, актерот им се пофали на своите следбеници на Инстаграм, а многумина не го препознаа на почетокот.

Фото: Инстаграм

Новата фризура ја прошета и на роденденот на актерот Џеси Тајлер Фергусон (44), колега на Софија Вергара од серијата „Модерно семејство“.

На фотографијата што ја сподели Џеси, Џо имаше заштитна маска, а многумина не ни приметија за кого станува збор, додека сопругот на Софија Вергара не ја објави фотографија без маска на својот Инстаграм профил.

Фото: Инстаграм

Тогаш, неговите фанови започнаа да ја преплавуваат со коментари под фотографијата.

„Сино“? Зошто? Дали е ова заради филмот? “, „Дали оваа фризура значи она што мислам дека значи? “, се само некои од коментарите кои се нижеа под фотографијата.

Фото: Инстаграм

Инаку, Џо и Софија се едни од најсексапилните холивудски парови, а тие се во брак од 2015 година.

Тие се запознаа во Белата куќа, на вечера што традиционално се организира за новинари и познати личности, еднаш годишно. Тогаш Џо беше „фатен“ на дело како ја „мерка“ Софија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот