ФОТО | Џанлука Ваки се вакцинираше во Србија: Италијански милионер со приватен авион долета во Белград

Instagram
Instagram

Популарниот италијански милионер, 52-годишниот Џанлука Ваки, беше вакциниран денес во Србија, на Белградскиот саем.

Џанлука пристигнал во Белград со приватен авион, а според српските медиуми, допатувал само заради вакцинирање против коронавирусот. Според тамошните медиуми, италијанскиот плејбој повторно ќе дојде во Србија, каде исто така ќе биде ревакциниран за три недели.

Instagram
Instagram

Според објавите на социјалните мрежи италијанскиот милионер додека се вакцинирал ја соблекол маицата за да го покаже своито фит – тетовираното торзо, а притоа бил добро расположен.

Преку својот инстаграм – профил на кој го следат повеќе од 20 милиони луѓе, тој и се заблагодари на Србија.

Instagram
Instagram

„Се враќаме во Болоња, се вакциниравме во Белград. Ви благодарам, Србија“, изјавил Ваки во видеото што го објави од авионот.

„Се гледаме кога ќе дојдам за втората доза, ние сме ви многу благодарни што бевте толку прекрасни кон нас“, изјавил Ваки.

Џанлука пристигнал во Белград со својот приватен авион, само за вакцинацијата, објавил „Телеграф“. Италијанскиот плејбој повторно ќе дојде во Србија, за три недели за да ја прими втората доза од вакцината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi)


Ваки се прослави со видеата во кои танцува, а со години е во центарот на вниманието и е еден од сопствениците на најинтересните инстаграм – профили  и фан страни на кои го следат  бројни обожаватели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi)


Покрај тоа што пушта музика на забави ширум светот и ужива додека танцува, Ваки секојдневно тренира, неговото тело е целосно покриено со тетоважи и веројатно никогаш не би претпоставиле колку години има Италијанецот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi)


Џанлука веќе неколку години е во сериозна врска со манекенката Шерон , а неодамна добија и ќерка, која има уникатно име – Блу Ерусалема Ваки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот