ФОТО | Деми Мур повторно непрепознатлива, а обожавателите веднаш реагираа: „Штета, беше убава жена“

Profimedia
Фото: Профимедиа

Американската актерка Деми Мур (58) објави нова фотографија на својот инстаграм – профил, на која ги „испеглала“ сите брчки на лицето, па повторно следеа „лавина“ од коментари од нејзините обожаватели.

Имено, Деми објави фотографија на која седи пред нејзиниот плакар, а под објавата пишува:

Пролетно чистење на плакарот или шанса да си поиграте со облеките ?, напиша Деми во описот на објавата, а потоа следеше одговорот од нејзин голем обожавател.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

„Познавајќи те, мислам дека и едното и другото“, напиша тој.

На фотографијата Деми собра 67,7 илјади „лајкови“, но фановите повторно останаа зачудени од нејзината потреба претерано да го „пегла“ лицето.

„Мислам дека ти треба една година за лицето да се смири по затегнувањето“, „Што направи со лицето? Устата и е тотално поинаква“, „Штета, беше убава жена“, „Луѓе, ова е само Фотошоп“, беа само дел од бројните коментари под објавата, а притоа повторно се отвори дебата дали се работи за пластична хирургија и третмани или само Фотошоп.

Profimedia
Фото: Профимедиа

Да потсетиме, Деми неодамна беше еден од моделите на ревијата „Fendi“ во Париз, а обожавателите велат дека на таа ревија изгледала непрепознатливо.

По модното шоу, повеќе се зборуваше за нејзиното лице отколку за самата ревија, а притоа веднаш се појавија гласини дека убавата актерка направила пластична операција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Нејзините јаболчници на лицето изгледаа сосема поинаку, а многумина не веруваат дека тоа е резултат на лоша шминка, туку пластична хирургија. Исто така, брадата и изгледаше многу поголема и поширока од вообичаеното.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)


Кратко по ревијата Деми објави фотографија на која нејзината кожа изгледаше сосема поинаку од тоа што беше прикажано на ревијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот