ФОТО: Црвени знамиња во Москва, руските комунисти го слават Ленин и офанзивата против Украина

Лидерот на руските комунисти Генадиј Зјуганов се обрати на прославата/Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

На свеченоста по повод роденденот на Ленин, руските комунисти денеска изразија поддршка за офанзивата на Владимир Путин против Украина, на која гледаат како на борба меѓу Москва и Вашингтон.

– Англосаксонците пристигнаа (во Украина) за да се борат за доминација над планетата, рече Генадиј Зјуганов, првиот секретар на руската Комунистичка партија.

Комунистите го посетија Мавзолејот на Ленин, лоциран на Црвениот Плоштад во Москва/Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

– Денес на украинско тло се носи одлука дали светот ќе биде униполарен под нивно водство или мултиполарен, додаде 77-годишниот функционер.

– Неопходно е да се брани државата, нагласи тој, обвинувајќи ги НАТО и САД дека се борат против „рускиот свет”.

Зјуганов учествуваше на церемонијата на Црвениот плоштад по повод 152-годишнината од раѓањето на Ленин. На собирот присуствуваа околу 200 луѓе, кои носеа портрети на Ленин и советските знамиња. Тие положија венец пред мавзолејот на Ленин.

Ленин е водачот на Октомвриската револуција и прв премиер на Советска Русија од 1917 до 1924 година/Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Ленин, руски револуционер, водач на болшевиците и прв премиер на Советска Русија, почина во 1924 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот